Јемгум () — општина во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Географија Местоположба
Општината се наоѓа во источнофризиската област Рајдерланд, која е опкружена од Доларт на запад и од Емс на север и исток. Јемгум е најсеверната област на Рајдерланд. Најблиски градови се Венер, Лер и Емден. Главното место Јемгум е оддалечено 6 километри југоисточно од средиштето на ЛерJemgum–Leer. luftlinie.org; abgerufen am 23. Juli 2013. и 16 километри од средиштето на Емден на северозапад.Jemgum–Emden. luftlinie.org; abgerufen am 23. Juli 2013. Големи градови во околината се Олденбург во Германија и Гронинген во Холандија.
Растојанието на општината во насока север-југ, како и во насока исток-запад изнесува осум километри.
Соседни општини
На југ се граничи со општините Бунде и Венер, како и со градот Лер, додека на исток се наоѓа општината Мормерланд и градот Лер, на север е безокружниот град Емден.
Општински единици
Општината се состои од единаесет села, кои се разликуваат во нивната големина.
Јемгум се состои од следниве единици, подредени по бројот на жители (од 30 јуни 2015 г.), како и нивните составни места:
Единица Жители Површина (км²) составни места Јемгум 1531 11,89 Епингавер, Јемгумгасте, Климпе, Ној-Запенборг (порано Тимпо), Запенборг Дицум 657 10,39 Алтукерај (делумно), Дицумерхамрих (делумно), Гросварпен, Клајнварпен Мидлум 295 7,42 Епингавер Холтгасте 235 8,46 Золтборг, Грос-Золтборг, Бентумерзил, Јемгумклостер, Дедеборг, Гајзе Погум 205 4,75 Дикстерхузен Хацум 160 9,79 Бомборг, Ајлингвер, Хацумерфен Крицум 158 6,97 Колдеборг, Колдеборгер Бургплац, Колдеборгерзил, Маринхорер Балкхаус Нендорп 126 4,22 Вишенборг Олдендорп 87 5,29 Архе, Ентенест, Ледиге Плац, Легеплац, Олдендорпер Хамрих, Остинг, Вишенборг Бемерволд 51 4,73 Бовенхузен Мариенхор 38 4,57 Мариенхорер Билтхојзер Вкупно 3540 78,48 –
Историја
Во Јемгум се одвивала Битката кај Јеминген на 21 јули 1568 година, ран момент во Осумдесетгодишната војна, во која шпанската војска била поразена од холандската војска.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лер (округ) Категорија:Населени места во Источна Фризија Категорија:Населени места основани во 8 век