Револуциите од 1848 година, познати во некои земји и како Пролет на народите Merriman, John, A History of Modern Europe: From the French Revolution to the Present, 1996, p. 715 или Пролет на нациите — низа на политички превирања низ Европа во 1848 година. До денес е најголемиот револуционерен бран во европската историја.

Револуциите во суштина имале демократска и либерална природа, за да се отстранат старите монархиски структури и да се создадат независни национални држави. Биле погодени преку 50 земји, но без значителна координација или соработка меѓу нивните револуционери. Како главни фактори за избувнување на револуциите се наведуваат: широко распространетото незадоволство од политичките лидери, барањата за поголемо учество во власта и демократијата, барањата за слобода на печатот, други барања од работничката класа за економски права, појавата на национализмот,R.J.W. Evans and Hartmut Pogge von Strandmann, eds., The Revolutions in Europe 1848–1849 (2000) pp. v, 4 и Европската компирова криза, која предизвикала глад, раселување и граѓански немири.Ó Gráda, Cormac; Vanhaute, Eric; Paping, Richard (August 2006).

Причини мини|Карта на Европа во 1848-1849 година на која се прикажани главните револуционерни центри, контрареволуционерните движења и државите каде имало абдицирање. Револуциите од 1848 се јавиле како резултат на разновидни причини и затоа на нив не треба да се гледа како резултат на кохерентно движење или збир на општествени феномени. Во првата половина на 19 век се случиле многу промени во европското општество. И либералните реформатори и радикалните политичари целосно ги преструктуруирале националните влади. Развојот на технологијата го унапредил животот на работничката класа. Печатот ја зголемил политичката свест и почнаале да се појавуваат нови вредности и идеи, како што се популарниот либерализам, национализмот и социјализмот.

Голем дел од благородништвото било незадоволно од кралскиот апсолутизам. Во 1846 година, избувнало востанието на полското благородништво во австриска Галиција, кое било задушено кога селаните се кренале против благородниците.Robert Bideleux and Ian Jeffries, A History of Eastern Europe: Crisis and Change, Routledge, 1998. Исто така, се планирало востание на демократските сили во Голема Полска против Прусија, но не било спроведено.

Желбата за реформи ги обединила средната и работничката класа, кои иако имале слични цели, нивното учество во револуциите се разликувало. Иако иницијативата произлегла од средната класа, пониските слоеви на населението биле главен двигател на движењето. Бунтовите најпрво избувнале во градовите.

Тек на главните настани Во секоја земја, револуционерните настани се случувале во различни периоди, но скоро секаде целиот циклус се одвивал во неколку фази, реформите на почетокот биле успешни, а потоа почнувале да слабеат.John Merriman, A History of Modern Europe (3rd ed. 2010) ch 16 pp 613–48 online.

Пролет 1848: Неверојатен успех Пролетта во 1848 година имало револуции насекаде низ Европа и се чинело дека револуционерите се на работ на успехот на сите тие места. Агитаторите кои претходно биле протерани од старите влади се враќале дома за да го искористат моментот. Во Франција, повторно била соборена монархијата и била заменета со република. Во мноштво големи германски и италијански покраини, како и во Австрија, власта била принудена да усвои либерален устав. Италијанските и германските држави се чинело дека брзо ќе се обединат. Австрија на Унгарците и на Чесите им дала поголема автономија и статус на нација.Melvin Kranzberg, 1848: A Turning Point? (1962) p xi, xvii–xviii.

Лето 1848: Поделби меѓу реформаторите Во Франција, избувнале крвави улични борби меѓу реформаторите од средната класа и радикалите од работничката класа. Германските реформатори бескрајно се расправале за тоа како да се продолжи понатаму, без да го консолидираат првичниот успех.Kranzberg, 1848: A Turning Point? (1962) p xii, xvii–xviii.

Есен 1848: Реакционерите се организираат за контрареволуција Откако првично биле фатени неспремни, аристократијата и нивните сојузници почнале да коваат план за тоа како да се вратат на власт.

1849–1851: Соборување на револуционерните режими Летото 1849 година, револуциите претрпеле низа порази. Реакционерите се вратиле на власт, а многу од водачите на револуциите биле пратени во егзил. Сепак, некои од социјалните реформи биле зачувани, а многу години подоцна националистите во Германија, Италија и Унгарија ги постигнале своите цели.Kranzberg, 1848: A Turning Point? (1962) p xii, .

Настани по земја и регион

Италијански држави мини| Епизода од Петте дена на Милано, слика од Балдасаре Вераци Првиот поголем бунт се случил во Палермо на Сицилија, во јануари 1848, иако настанот првично остана незабележан од европската јавност. Претходно имало уште неколку бунтови против владеењето на Бурбонците; по што била создадена независна држава која опстојала 16 месеци пред Бурбоните да се вратат на власт. Уставот донесен во тие месеци бил прогресивен за своето време. Исто така, било предложено да се создаде конфедерација на италијански држави. Иако бунтот бил неуспешен, 12 години подоцна Бурбонското кралство на двете Сицилии било укинато (1860–61) поради обединувањето на Италија .

Франција „Февруарската револуција“ во Франција започнала по задушувањете на кампањите на банкети. Оваа револуција била поттикната од националистичките и републиканските идеали кај пошироката француска јавност, која верувала дека народот треба да владее сам со себе. Со ова се ставило крај на уставната монархија на Луј-Филип и довело до создавање на Втората Француска Република. Новата влада била предводена од Луј-Наполеон, внук на Наполеон Бонапарт, кој во 1852 година извршил државен удар и го основал Второто Француско Царство.William Roberts, Encyclopedia of Modern Dictators (2006) pp 209–211.

Алексис де Токвил во своите Мемоари за овој период забележал: „Општеството беше поделено на два дела: оние кои немаа ништо обединети со заедничката завист и оние кои имаа нешто обединети во заеднички терор“.Tocqueville, Alexis de.

Германски држави мини| Револуционери во Берлин во март 1848 година, веејќи ги револуционерните знамиња „Мартовската револуција“ во германските покраини избувнале во Западна и Јужна Германија, со масовни народни собири и жестоки демонстрации. Предводени од добро образовани студенти и интелектуалци,Louis Namier, 1848: The Revolution of the Intellectuals (1964) побарале германско национално единство, слобода на печатот и слобода на собирање. Востанијата речиси и да не биле координирани, но имале заедничка цел: отфрлање на традиционалните, автократски политички структури во 39-те независни држави од Германската Конфедерација. Средната и работничката класа кои ги воделе револуциите се разишле, и на крајот конзервативната аристократија ја поразила револуцијата, принудувајќи многу либерали на егзил.Theodote S. Hamerow, Restoration, Revolution, Reaction: Economics and Politics in Germany, 1825–1870 (1958) focuses mainly on artisans and peasants

Данска мини| Данските војници парадираат низ Копенхаген во 1849 година по победите во Првата шлезвишка војна Во Данска владеел систем на апсолутна монархија уште од 17 век. Кралот Кристијан VIII, умерен реформатор, но сепак апсолутист, починал во јануари 1848 година во време на растечко противење од земјоделците и либералите. Новиот крал, Фредерик VII, ги исполнил барањата на либералите и назначил нов кабинет во кој биле вклучени истакнати водачи Национал-либералната партија.Weibull, Jörgen.

Национално-либералното движење сакало да го укине апсолутизмот, но и да ја задржи силно централизираната држава. Кралот прифатил нов устав во кој се согласува да ја сподели власта со дводомниот парламент наречен Ригсдаг. Иако армиските офицери биле незадоволни, тие го прифатиле новиот договор, кој, за разлика од остатокот од Европа, не бил укинат од реакционерите.Weibull, Jörgen. Либералниот устав не важел за Шлезвиг, а прашањето за Шлезвиг-Холштајн останало отворено.

Шлезвиг Војводството Шлезвиг, област населена со Данци (северногерманско население) и Германци (западногерманско население), било дел од данската монархија, но останало војводство одвоено од Кралството Данска. Поттикнати од пангерманското расположение, Германците од Шлезвиг се кренале на оружје во знак на протест против новата политика објавена од данската Национал-либерална влада која сакала целосно да го интегрира војводството во Данска.

Германското население во Шлезвиг и Холштајн се побунило, инспирирано од протестантското свештенство. Германските држави испратиле војска, но по данските победи од 1849 година бил склучен Берлинскиот конгрес (1850) и Лондонскиот протокол (1852). Со нив се потврдува суверенитетот Данскиот крал врз териториите, а истовремено се забранувало да стапат во заедница со Данска. По прекршувањето на втората одредба избувнале нови судири во 1863 година и Прусија победила во 1864 година.

Хабсбуршка монархија мини| Прогласување на српска Војводина во мај 1848 година за време на Српската револуција Од март 1848 до јули 1849 година, Хабсбуршкото Австриско Царство било загрозено од револуционерни движења, кои честопати имале националистички карактер. Во склоп на царството живееле многу народи: Австријци, Унгарци, Словенци, Полјаци, Чеси, Хрвати, Словаци, Украинци/ Рутенци, Романци, Срби и Италијанци, и сите во текот на револуцијата се обиделе да обезбедат автономија, независност или дури и хегемонија врз другите националности.

Унгарија мини| Битката кај Буда во мај 1849 од Мор Тан мини| Унгарските хусари во битка за време на Унгарската револуција Унгарската револуција од 1848 година траела најдолго во Европа, и била задушена во август 1849 година од страна австриските и руските трупи.Gábor Gángó, "1848–1849 in Hungary," Hungarian Studies (2001) 15#1 pp. 39–47. online Револуцијата започнала на 15 март 1848 година, кога унгарските патриоти организирале масовни демонстрации во Пешта и Буда (денес Будимпешта) кои го принудиле царскиот гувернер да ги прифати нивните барања во 12 точки. Тоа утро, барањата биле прочитани на глас заедно со поезијата на Шандор Петофи со стиховите „Се колнеме во Богот на Унгарците. Се колнеме, нема повеќе да робовуваме“ Deak, Istvan. Лајош Кошут и некои други либерални благородници кои ја сочинуваа Диетата упатиле барање до Хабсбуршкиот суд со барања за претставничка влада и граѓански слободи."The US and the 1848 Hungarian Revolution." Поради овие настани Клеменс фон Метерних, австрискиот принц и министер за надворешни работи, поднел оставка. Барањата на Диетата биле одобрени од страна на императорот Фердинанд на 18 март. Иако Унгарија ќе остане дел од монархијата преку личен сојуз со царот, ќе биде основана и уставна влада. Диетата потоа ги усвоила априлските закони со кои се предвидувало еднаквост пред законот, ново законодавно тело, наследна уставна монархија и се ставило крај на преносот и ограничувањата при користењето земјиште.