мини| Едно од националните јадења на Белгија мини| Карбонада фламанда, уште едно од националните јадења на Белгија Белгиска кујна — кујна карактеристична за Белгија. Таа е широко разновидна со значајни регионални варијации кои ги одразуваат и кујните на соседните земји Франција, Германија и Холандија. Понекогаш се вели дека белгиската храна се служи во количество на германската кујна, но со квалитетот на француската храна. Michael Jackson's Great Beers of Belgium, Michael Jackson, Надвор од земјата, Белгија е најпозната по својата чоколада, вафли, помфрит и пиво.
Иако Белгија има многу карактеристични национални јадења, многу меѓународно популарни јадења како хамбургери и шпагети болоњезе се исто така популарни во Белгија, а повеќето од она што Белгијците го јадат се јаде и во соседните земји. Затоа, „белгиската кујна“ обично се однесува на јадења од белгиско потекло или оние кои се сметаат за типично белгиски.
Белгиската кујна традиционално ги почитува регионалните и сезонските состојки. Состојките типични за белгиските јадења вклучуваат компири, праз, сиви ракчиња, бел аспарагус, белгиск цикорија и локално пиво, покрај вообичаените европски производи, вклучувајќи месо, сирење и путер. Белгијците обично јадат четири оброци на ден, со лесен појадок, среден ручек, ужина и обилна вечера.
Белгија има плејада јадења и производи кои се локални во одредена област. Примерите вклучуваат ватерзој од Гент, бисквит од градот Динан и друго. Иако нивното локално потекло е признато, повеќето такви јадења се јадат низ цела Белгија.
Наводи
Надворешни врски Традиционална белгиска кујна и пиво (in English) од BeerTourism.com
Категорија:Белгиска кујна