Пеперуткарот и на земја и на небо – македонски е збирка раскази од Драги Михајловски. Книгата е издадена во 2010 година во Македонија.Драги Михајловски, стра 209 –222

Содржина „Пеперуткарот и на земја и на небо“ е книга со збирка раскази: „Човекот од Чаир на кого му дошол умот откако станал ласица“, „Мажот што се нафатил да ја преведува од англиски на нашки приказната за најголемата риба на светот“, „Стариот што барал зефирна душа и што можеби е ја најде“, „Момчето аџамија што напишало книга и што било убедено оти ќе добие награда“, „Режисерот што од мирно седење го иштрикал Хамлет“, „Пишувачот што со божја помош ја измислил ангината за да си ја покрие некадарноста и некарактерноста“, „Двајца комшии, едниот многу серт и задрт“, „„Видение на Киро Докторот спроти празникор Преображение“, „Откровение на Миха Писмото кај Светицата близу село Гопеш“.

Книгата стилски се движи во една сосема цвтста и воедначена рамка, при што авторот најпозитивно го извлекува јазичниот и раскажувачкиот екстракт на Марко Цепенков, синтетизирајќи литературна постапка во која се чувствува шекспировскиот наратив и одредена фантастика и иронија која е поблиску до специфичен хумор својствен за Николај Гогољ. Споредбата е намерна и не е тенденциозна, туку е само еден вид патоказ преку кој се објаснува оригиналноста и универзалноста во творештвото на Драги Михајловски, кој што и во ова мошне специфична и значајна книга успева од „локалното“ сосема сигурно и брзвурозно да допре до планетарното литературно раскажување и стилски и творечки.

Наводи

Поврзано Драги Михајловски Македонска книжевност

Надворешни врски Драги Михајловски – еден од најдобрите современи македонски писатели и преведувачи

Категорија:Македонски раскази Категорија:Раскази кои се одвиваат во Македонија Категорија:Дела на Драги Михајловски