Џамија „Султан Бајазит“ (Џума џамија или Чарши џамија) — стара османлиска џамија во градот Кичево. Му припаѓа на Кичевското муфтиство на ИВЗ.

Историја Џума џамија (Петочна џамија или Соборна џамија) е најголемата џамија во градот, и по неа е наречено околното маало Џума. Времето на изградба не е со сигурност познато. Можно е да била изградена од султанот Бајазит I (1389 - 1402), веднаш по освојвуањето на Кичево во 1385 година, или подоцна, од султанот Бајазит II (1481 – 1512). Храмот претрпел измени при зафатите за негово реновирање во 1922, 1934 и 1986 година. Меѓу христијанското население има предание дека пред турско време на тоа место постоела црква „Св. Петка“, но тоа не е потврдено со археолошките истражувања извршени при обновата во 1986 година и при изградбата на шадрванот во 1989 година. Во секој случај, познато е дека на наоѓалиштето Џума Џамија има остатоци од средновековен објект, но точното место на црквата не е познато.

Архитектура Џамијата претставува голема петкуполна градба. Внатрешноста и надворешноста се скромни, а скромни се и градежните материјали и украсите. Денешниот изглед на градбата е од 1904 година.

Поврзано Кичевско муфтиство Кичевска чаршија

Наводи

Категорија:Знаменитости во Кичево Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Џамии во Кичево Категорија:Отомански џамии во Македонија Категорија:Џамии во Кичевското муфтиство