Рудински мост () — стар камен мост кај селото Рудино во Мегленско, Егејска Македонија.
Иако се нарекува „Мост на Александар Велики“ (Γέφυρα Μεγάλου Αλεξάνδρου), мостот е изграден во османлиско време. Ја преминува Мегленица на неколку километри источно од Рудино. Има три полукружни лакови. За време на Граѓанската војна, мостот е разнесен. Зачуван е само западниот лак, чии димензии се 12 м во должина, 2 м во ширина, 4,7 м во висина и ширина на отворот од 5,7 м. Имал вкупна должина од 50 м, а висина над 8 м. Лаковите имаат шестаголни основи. Изграден е од варовник и бил поправан во различни периоди, од кои последниот наврат бил во XVIII век.
Поврзано Рудинско кале — античка утврдена населба во околината
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Меглен