Заловски мост () — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.
Мостот се наоѓа на 3 км јужно од гребенското селото Залово и ја преминува реката Венетик. Се наоѓа на стариот пат кој ги поврзува селата Лабаница и Монахит со градот Гребен. Има два парапета и има вкупна должина од 40,5 м, ширина од 2,80 м и висина од 10,3 м. Негов градител е мајсторот Стерјос Лазос од с. Чирак, но датумот на изградба е непознат. Северниот (помал) лак се друшил во 1914 г. и бил обновен со средства на попот Тасулас Анагносту Апостолидис од Залово. Во 1989 г. истиот е зајакнат со бетон. Познат е на грчки како Канкелија (во предод: „огради“), поради високите камени парапети. Се смета дека е постар од подолниот Азиз-агин мост на истата река, кој е подигнат во 1727 г.
Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.
Поврзано Венетик
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Гребен (општина) Категорија:Камени мостови