Петар Атанасов Пупле, познат и како Пепи Пупле (, - , ) — македонски партизан и активист на Народноослободителната борба во Вардарска Македонија за време на Втората светска војна.
Животопис Роден е на 29 април 1922 година во градот Лерин, Грција. Влегува во КПЈ и СКОЈ. Во летото 1942 година преминува во редовите на НОВМ и ПОМ. Партизан е во Битолскиот народноослободителен партизански одред „Јане Сандански“. Убиен е на 23 април 1943 година од германски војници во близина на Лерин.
Почести Во негова чест една улица во Битола го носи неговото име „Пепи Пупле“.ул. Пепи Пупле на Гугл мапи
Наводи
Категорија:Жртви на Втората светска војна Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Починати во 1943 година