Портички мост () — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.

Мостот ја преминува реката Венетик, на 45 км југозападно од градот Гребен. Ги поврзува селата Спилио и Монахит, на источните возвишенија на Пинд. Сместен е на крајот на долината Канави, точно пред почетокот на впечатливата клисура Портица. Изграден е во 1743 г. со средства собрани од манастирот „Успение на пресв. Богородица“. Има два лака, од кои поголемиот има распон од 13,8 м, а помалиот од 5 м. Вкупната должина на мостот изнесува 34 м, широк е 2,7 м, а висок 7,8 м.

Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Гребен (општина) Категорија:Појавено во 1743 година