Јоаникиев мост () — стар камен мост во Серско, Егејска Македонија. Се наоѓа југозападно од Серскиот манастир („Св. Јован Претеча“), под т.н. „Куќа на Емануил Папас“, на стариот калдрмисан пат што води до главната манастирска порта. Мостот е направен од камен и има еден лак. Според зачуваниот натпис на камена плоча, изграден е во 1835 г. од монахот Јоаникиј од Броди (Горно или Долно Броди):

Во 1991 г. е прогласен за споменик на културата.

Наводи

Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Сер (општина) Категорија:Појавено во 1835 година