Директоратот (наречен и Директориум, ) бил влада на Првата Француска Република од 2 ноември 1795 до 9 ноември 1799 година, кога по државниот удар од 18-ти бример бил соборен од Наполеон Бонапарт и бил заменет со Конзулат. Времето на Директоратот ги опфаќа четирите последни години од Француската револуција. Во историографијатаFor example F. Furet and D. Richet in “French Revolution” (Macmillan, 1970) терминот се користи за периодот од распуштањето на Националниот конвент на 26 октомври 1795 година (4 бример) до државниот удар на Наполеон.

Директоратот бил во постојана војна против странските коалиции, составени од Британија, Австрија, Прусија, Кралството Неапол, Русија и Отоманската Империја. Директоратот успеал да ја анектирала Белгија и левиот брег на Рајна, и формирал 196 краткотрајни сестрински републики во Италија, Швајцарија и Холандија. Освоените градови и држави требало на Франција да ѝ испратат огромни суми пари, како и вредни уметнички дела кои биле искористени како експонати за новиот музеј Лувр во Париз. Армијата предводена од Бонапарт се обидела да го освои Египет и стигнала до Сен-Жан-Д'Акр во Сирија. Директоратот го спречил возобновувањето на бунтот во Вандеја, граѓанска војна предводена од ројалистите во регионот на Вандеја, но не успеал да го поддржи Ирскиот бунт од 1798 година за создавање на Ирска Република.

Економската криза во Франција продолжила и за време на Директоратот. На почетокот, касата била празна; книжните пари (асигнатите) загубиле најголем дел од својата вредност, а цените растеле. Директоратот престанал со печатење асигнати и парите си ја вратиле својата првобитна вредност, но тоа предизвикало нова криза; цените и платите паѓале, но стагнирала економската активност.

Во првите две години, Директоратот се концентрирал на ставање крај на практиките од Јакобинското владеење на теророт; престанале масовните погубувања, а мерките преземени против прогонетите свештеници и ројалисти биле ублажени. Јакобинскиот клуб бил затворен и владата го задушила планираното вооружено востание од Јакобинците.

Во 1799 година, по неколкуте порази на француската армија, Директоратот ја изгубил сета поддршка од политичките партии. Во октомври 1799, Бонапарт се вратил од Египет и бил ангажиран од опатот Сијес да изврши парламентарен државен удар на 8-9 ноември 1799 година. По превратот бил укинат Директоратот и бил заменет со Францускиот конзулат на чие чело застанал Бонапарт.

Политичка состојба лево|мини| Конвентот се крева против Робеспјер (27 јули 1794 година) Периодот познат како Владеење на теророт започнал како начин на заштита на Француската Република од надворешните и внатрешните непријатели, но набрзо станал алатка на Јакобинците за лична политичка пресметка против неистомислениците. На 17 септември 1793 година, со Законот за осомничени се овозможувало апсење на сите „непријатели на слободата“ а дефиницијата за непријател била многу широко поставена; на 10 октомври, Националниот конвент го признал Комитетот за јавен спас како врховна власт и го суспендирал Уставот додека не се „постигне мир“.

Според архивските записи, од септември 1793 до јули 1794 година под обвинение за контрареволуционерна активност биле погубени околу 16.600 луѓе. За време на кулминацијата на Теророт, членовите на Конвентот, па дури и поддржувачите на Робеспјер почнале да се плашат дека може да завршат на гилотина и затоа спремиле заговор за отстранување од власт на Робеспјер. На 27 јули, тој и неговите најблиски соработници биле уапсени и следниот ден биле погубени.

По Термидорскиот пуч, била зачувана претходната структура на владата, но во првите месеци бил прекинат теророт, се извршила децентрализацијата на власта од комитетите и бил укинат Законот за максимум. Двата Комитета за јавен спас и јавна безбедност не биле распуштени, но ја загубиле својата политичка моќ. Зачуван бил и републиканскиот систем и покрај надежите на емигрантите и ројалистите за возобновување на монархијата. Новопечените богаташи во новото уредување се збогатиле како резултат на нелегална продажба, шпекулации, па дури и преку непосредно одземање на земјиштето и богатството кое претходно им припаѓало на благородниците и црквата.

Конвентот опстоил уште околу една година, но некои од најекстремните Јакобинци биле брзо отстранети од него: Био-Варен и Коло д'Арбоа биле протерани во Француска Гвајана, а Кариер, Думас и Фукие-Тренвил (претседателот и обвинителот од Револуционерниот трибунал) биле пратени на гилотина. Самиот Револуционерен трибунал бил затворен, а многу Жирондинци биле амнестирани.

Луксузот и задоволствата се вратиле во општествениот живот, а богатите граѓани излегуваат на улиците и се препуштаат на забавата. Јакобинската диктатура со сета нејзина строгост е минато, како и инсистирањето на скромност во облекувањето и прикривање на личното богатство. Било забрането луѓе кои не се познаваат меѓусебе да се обраќаат со „ти“. За разлика од Санкилотите, во Париз и другите поголеми градови биле формирани вооружени групи од богати млади луѓе, Мушкадинците, кои требало да ги гонат Јакобинците. Тие ги нападнале театрите и ги уништиле јакобинските кафулиња. На крајот Јакобинскиот клуб бил затворен во ноември 1794 година.

Термидорците не припаѓале на одредено политичко движење и немале сеопфатна социјална програма, но давале поддршка на приватната сопственост и ја поддржале слободата на изразување на незадоволство од регулирањето на цените и реквизициите. Термидорците ставиле крај на теророт и ги затвориле организации кои се бореле против заговорите, ројалистите и осомничените. Укината бил законот за максимална цена, што довело до брз пораст на цените. На почетокот од 1795 година зимата била невообичаено студена, а претходната жетва била слаба. Тоа предизвикало големо незадоволство и на улиците на Париз се појавиле летоци и плакати кои повикуваат на бунт. Во март 1795 година, немирите биле секојдневие, а во април и мај избувнале две востанија, познати како Жерминал и Прери, соодветно според имињата на месеците од револуционерниот календар. Бунтовниците упаднале во зградата на Конвентот, но биле растерани од армијата и вооружените групи од мушкадинците. По овие бунтови, Санкилотите биле разоружани, и биле запленети повеќе од 100.000 пушки, а нивните клубови биле затворени.

Подготвување на новиот Устав Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот од 1789 година била приложена како преамбула, и наведувала дека „Правата на човекот во општеството се слобода, еднаквост, безбедност и сопственост“. Уставот ја гарантирал слободата на религијата, слободата на печатот и слободата на трудот, но забранувал вооружени здружувања, па дури и јавни состаноци на политичките општества. Само поединци или јавната власт можеле да поднесат петиции. десно|мини| Франсоа Антоан де Боаси д'Англас, еден од главните автори на Уставот од 1795 г. Судскиот систем бил реформиран, а мандатот на судиите бил ограничен на две години за мировните судии, пет за судиите во одделенските трибунали.

Новиот законодавен дом имал два дома, Совет од петстотини и Совет на старите кој имал 250 членови. Изборните собранија во секој француски кантон избрале претставници на изборното собрание, кое потоа ги избирало членовите на двата дома. Членовите на овој законодавен дом имале мандат од три години, при што една третина од членовите се обновуваат секоја година. Старите не можеле да предложуваат нови закони, но можеле да стават вето на законите предложени од Советот од петстотини.

Со Уставот се воспоставила уникатен вид извршна власт, Директорат составен од пет лица кои ги избирал законодавниот дом.J. F,. Bosher, The French Revolution (1988), pp. 226–230Gershoy, The French Revolution and Napoleon (1964) pp. 303–308 Според Уставот, Советот од петстотини со тајно гласање требало да подготви листа на кандидати за Директоратот. Потоа, Советот на старите со тајно гласање ги избирал Директорите од доставениот список. Уставот налагал директорите да имаат најмалку четириесет години. За да се обезбеди постепена, но постојана промена, по еден директор, избран со ждрепка, се менувал секоја година. Министри со различни ресори им помагале на директорите.

Новиот Устав се обидел да создаде поделба на власта; Директорите немале право на глас во законодавството или во оданочувањето, и директорите или министрите не можеле да бидат членови во некој од двата дома. За да се овозможи независност на Директорите, секој од нив бил избиран од еден дел од законодавниот дом и не можеле да бидат отповикани од законодавниот дом освен ако не го прекршат законот.Jean Tulard, Jean-François Fayard, Alfred Fierro, Histoire et dictionnaire de la Révolution française, Robert Laffont, Paris, 1998, pp. 198–199. (In French)

Најголема жртва во новиот систем бил Градот Париз, кој доминирал во настаните во првиот дел од Револуцијата. На 24 август 1794 година, биле укинати Јакобинските клубови. Набргу потоа, на 31 август, била укината општината Париз, а градот бил ставен под директна контрола на Владата. Со законот од 11 октомври 1795, во согласност со новиот Устав, биле создадени првите дванаесет арондисмани во Париз, биле формирани дванаесет нови комитети, по еден за секој арондисман. Градот станал нов департман, департман Сена, кој го заменувал дотогашниот департман Париз создаден во 1790 година.Fierro, Alfred, Histoire et dictionnaire de Paris (1996), Robert Laffont, p. 608, (French)Loi du 19 vendémiaire, an 4. Tableau de l'emplacement des chef lieux de département, published in 1795, 15 pages

Историја

Директориумот ја презема одговорноста Помеѓу 12 и 21 октомври 1795 година, веднаш по задушувањето на ројалистичкото востание во Париз, се одржале изборите за новите Совети според новиот Устав. Во новиот законодавен дом биле избрани 379 членови од стариот Конвент, во најголем дел умерени републиканци. За да се увери дека Директоратот нема во целост да ги напушти идеалите на Револуцијата, Советот побарал сите членови на Директоратот да бидат поранешни членови на Конвентот и да гласале за погубувањето на Луј XVI.

На 31 октомври 1795 година, Советот на старите го избрал првиот Директорат од списокот на кандидати поднесен од Советот од петстотини. Едно избрано лице, Абе Сијес, ја одбило позицијата, и рекол дека таа не одговара на неговите интереси или личност. На негово место бил избран нов член Лазаре Карно.

Следниот ден, членовите на новата влада ги презеле своите канцеларии во Луксембуршката палата, каде претходно бил сместен Комитетот за јавен спас.

Галерија

Финансии и економија Новиот директор задолжен за финансиските работи дал краток опис на финансиската состојба во Франција кога Директоратот ја презел власта: „Националната благајна беше целосно празна; не остана ниту едно су. Асагнатите беа речиси безвредни. Не може да се испечатат доволно пари за една ноќ која ќе ги задоволи најитните потреби за следниот ден. . . . Јавни приходи немаше; граѓаните ја изгубија навиката да плаќаат даноци. [. . . ] Целиот јавен кредит беше мртов и сета доверба изгубена. [. . . ] Депресијацијата на асагнатите, има застрашувачка брзина на паѓање, ја намали платата на сите функционери.“

Падот на вредноста на парите бил проследен со голема инфлација. Луидорот (златник), кој вредел 2000 ливри во книжни пари на почетокот од Директоратот, се зголемил на 3000, а потоа на 5000 ливри. Цената на литар вино се зголемила од 50 су во октомври 1795 година на десет франци, а потоа на триесет франци. Мерка брашно која во 1790 година чинела две ливри во октомври 1794 година била 225 ливри.

За да се справи со инфлацијата, владата почнала да кова нови златни и сребрени монети, кои имале вистинска вредност; Владата имала малку злато, но големи резерви на сребро, главно во форма на сребрени садови, свеќници и други предмети конфискувани од црквите и благородништвото.