„Смртта на велосипедистот“ (шпански: Muerte de un ciclista) — филм на режисерот Хуан Антонио Бардем (Juan Antonio Bardem) од 1955 година. Автори на сценариото се Бардем и Луис Фернандо де Игоа (Luis Fernando de Igoa), а главните улоги ги играат: Лусија Босе (Lucia Bosè), Алберто Клосас (Alberto Closas) и Бруна Кора (Bruna Corrà). На Меѓународниот фестивал во Кан, филмот ја освоил наградата ФИПРЕСЦИ.HRT, Smrt biciklista, španjolsko-talijanski film (пристапено на 6.4.2022)
Синопсис По завршувањето на тајниот љубовен состанок, еден универзитетски професор и неговата љубовница, слугинка во високото општество, случајно со автомобилот удираат еден велосипедист. Иако гледаат дека велосипедистот е жив, тие не викаат прва помош за да не се дознае за нивната врска. Така, тие си заминуваат и го оставаат велосипедистот да умре. Откако весниците известуваат за неговата смрт, кај професорот и неговата љубовница се зголемува стравот дека ќе бидат откриени...
Наводи
Категорија:Филмови на Хуан Антонио Бардем Категорија:Филмови на шпански јазик Категорија:Филмови од 1955 година Категорија:Шпански филмови Категорија:ШИталијански филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови со Бруна Кора Категорија:Филмови со Алберто Клосас Категорија:Филмови со Лусија Босе