мини|десно|300п|Топографска карта на подрачјето Бесленски Рид (, Харакас) — ниска планина во Драмско, Егејска Македонија и Неврокопско, Пиринска Македонија. Претставува дел од венецот на Драмски Боздаг.
Опис Планината се наоѓа во најсеверниот дел на Драмски Боздаг, северно од Шилка, меѓу реката Места на исток, граничната пирамида бр. 166 и Белотинското Езеро и граничната пирамида бр. 141 на запад. Преку Чечката Клисура на исток е одвоена од планината Доспат на Родопите, а преку седлото Митницата е поврзана со планината Стргач на запад. На север се наоѓа Неврокопската Котлина, а на југ е Елеската Котлина (Зрновското карсно поле).
Планината зафаќа вкупна површина од 156 км2. Долга е 21 км, со средна ширина од 8 – 9 км. Највисок врв е Чиплак Баир (1.190 м). Карпите се претежно метаморфни — гнајсови, шкрилци, мермери, амфиболити. Климата е преодносредоземна со средни годишни врнежни од 750 - 900 мм. Има промиена циметни шумска почва, на места значајно еродирани. По билните делови преовладуваат шуми од даб горун, а по падините од даб благун. На одделни места се среќаваат насади од црн бор. На северното подножје на Бесленски Рид се сместени пиринските села Петралик, Теплен и Беслен.
Грчкото име „Харакас“ е дадено по новото име на поранешното село Гуштерак.
До првенецот Чиплак Баир се стасува од селото Беслен (од бугарска страна) за 2 часа по земјен пат кон југ,Село Беслен – връх Чиплакбаир tripsjournal.com, 10 јануари 2022 г. и од Белотинци (на грчка територија), исто така за 2 часа по земјен пат кој оди на североисток.
+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Чиплак Баир Χάρακας 1.090 гранична пирамида бр. 152 Σταυρός, Άγιος Νικόλαος 1.058 Φυλάκιο 1.011 гранична пирамида бр. 148 Свети Никола Άγιος Νικόλαος, Σταυρό 949 Βαλανιδιές 940 Чиплак Γυμνή, Τσιμπλάκι, Τσιπλάκι, Τσίπλακ 908 Дервиште Καλινέ, Δερβισέ 742 Калуѓер Καλόγερος 920 Μπουζουράνη 600 Свети Илија Προφήτης Ηλίας 700 Ράχες 940 - 900 Чакал Τσακάλι, Μάνδρα Γκούρτσα 840
Поврзано Драмски Боздаг
Наводи
Надворешни врски Село Беслен — врв Чиплакбаир
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Пиринска Македонија Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија) Категорија:Општина Хаџидимово Категорија:Бугарско-грчка граница Категорија:Боздаг