Авго (, во прев. јајце) — планина на границата меѓу Гребенско во Егејска Македонија и Јанинско во Епир.

Опис Планината е дел од венецот на Северен Пинд. Се протега меѓу венците Василица на север, од која е одвоена со превој на 1.530 м југозападно од с. Периволи (1.260 м) и Мавровуни на југ, од која е одделена со долината Валја Калда (1.360 м) и реката Аркуда, притока на Војуша на запад. Од венецот Пиростија на исток е одвоена со превојот Ставрос или Салатура Ставру (1.640 м) и реката Лумница.

Карпите се офиолити и флиш.

Планината е дел од Националниот парк „Пинд“ од 1966 г. како и од Националниот парк „Северен Пинд“ од 2003 г. Обрасната е со црни борови, буки, шимшири и други видови. Дел е од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1310002 и 1310003) и прогласена е за место од орнитолошка важност (068).

Искачување До врвот се стасува преку седелото Ставрос или Салатура Ставру (1.640 ) за околу 2,5 часа или од селото Војуша (Вовуса, 1.000 м) за околу 3,5 часа. Европската патека на долги растојанија E6, која оди од Мавровуни и Валја Калда, продолжува за Војуша, Бреза (Дистрато), Самарина и Жужел. Од Валја Калда патеката има разгранок кој тргнува кон Периволи, Авдела, одмориштето Василица, Самарина и Жужел.

+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Авго Αυγό 2.177 Зјога, Зога Ζιώγα, Ζώγα 1.906 Клефти Рахи, Клефтес Κλέφτη Ράχη, Κλέφτες 1.880 Кондоро Κόντορο 1.440 Кармали Κορμαλή 1.882 Куроблија, Коромилия Κουρομπλιά, Κορομηλιά 1.705 Охиро Зјака, Табури Зјака, Табур 1.540 Панделука Παντελούκα 2.098 Рунга Рахи, Ронка Ρούγγα Ράχη, Ρόγκα 1.440 - 1.187 Скамни Σκάμνη 1.517 Ставрос Σταυρός 1.737 Теменос Τέμενος 2.000 - 1.860 Тока Τόκα 1.878 Цума Кокини, Панде Спини Τσούμα Κοκκίνη, Πάντε Σπίνι 1.418 Фанко Φάγκο 1.589

Поврзано Пинд

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Епир Категорија:Гребен (општина) Категорија:Загори Категорија:Пинд