Жолта гулапкаНаучна класификација Царство:FungiКолено:BasidiomycotaКласаAgaricomycetesРед:RussulalesСемејство:RussulaceaeРод:RussulaВид:R.flavidaБиномен називRussula flavidaFrost 1880СинонимиRussula mariae var. flavida (Frost) Singer 1940 Жолта гулапка (латински Russula flavida) е член на големиот род Гулапка. Опишана во 1880 година од американскиот ботаничар и миколог Чарлс Кристофер Фрост и пронајдена во Северна Америка и делови од Азија.
Опис Има светло жолта до портокалова жолта шапка и бели ливчиња. Нејзинота сува шапка и стебло се светло жолти, а маргината на шапката е само слабо наредена, ако воопшто е наредена. Ниту помодреното стебло, ниту исеченото месо не добиваат сивкаста боја, а вкусот е благ. Повеќето други светло жолти видови Гулапка се разликуваат по една или повеќе од овие одлики.
Шапката нараснува од 2 - 8 см најпрвин конвексна а со староста станува рамна или широко конвексна,често со централна вдлабнатина. Кожичката е сува, мазна, светложолта до портокалово жолта. Лесно се лупи од маргините до средината на шапката.
Ливчињата се прикачени до дршката, белата боја со староста станува кремаста или бледо жолтеникава.
Дршката достигнува должина од 3-8 см и дебелина од 1-2,5 см; мазна и сува или изразено кадифена; дршката е обоена како шапката во целина, но побледо кон врвот, нема модринки, дршката е цврста и полна месеста но со староста станува шуплива.
Месото е бело и не ја менува бојата кога се сече или крши. Мирисот не е карактеристичен има благ вкус.
Отпечатокот од спори: бела до кремаста или бледо жолта боја.
Големина на спорите од 5-7 x 5,5-8,5 микрометар имаат елипсовидна или речиси тркалезна форма.
Галерија
Расте во симбиоза со дабот (повремено може да се забележи и кај иглолисни дрва); расте сама, расфрлана или здружена, од лето до есен; прилично е широко распространета источно од Карпестите Планини, но очигледно е почеста на југоисток.
Жолта гулапка може да се јаде и содржи пигмент русулафлавидин и поврзано соединение.
Варијанта, R. flavida var. dhakurianus, била опишана во 2005 година од Кумаон во индиските Хималаи.
Наводи
Надворешни врски Russula flavida in MycoBank.
Категорија:Јадливи габи Категорија:Габи на Македонија Категорија:Гулапка