Russula sardoniaНаучна класификација Царствоm:FungiКолено:BasidiomycotaКласа:AgaricomycetesРед:RussulalesСемејство:RussulaceaeРод:RussulaВид:R. sardoniaБиномен називRussula sardoniaFr. (1838)Синоними R. drimeia Cooke (1881) R. chrysodacryon Singer (1923) R. emeticiformis Murrill (1938)

Russula sardonia, е габа од родот Гулапка. Плодното тело, на габата, е црвено-виолетова, со боја на сок од капини и се наоѓа во четинарни шуми во лето и наесен. Не може да се јаде, и како многу членови од родот што не се јадат, има лут, зачинет вкус.

Таксономија Денешното биномно име му го дал еминентниот шведски миколог Елиас Магнус Фрис во 1838 година. Специфичниот епитет sardonia, од грчкиот јазик, значи горчлив или остар, и е упатување на неговиот вкус. Russula drimeia опишана од Мардохеј Кубит Кук во 1881 година, R. chrysodacryon од Ролф Сингер во 1923 година и R. emeticiformis од Вилијам Алфонсо Мурил во 1938 година, се синоними. Името се применува и на она што сега се смета за R. queletii.

Опис Шапката расте до околу 10 см во пречник. Најчесто има виолетово-црвена боја, но евидентирани се кафеави и зеленикави форми. Обично има потемна боја кон средината, која е конвексна кога е млада, но станува вдлабната во центарот со возраста. Дршката е повремено бела, но почесто е зацрвенета со бледо виолетово-црвено и или боја на грозје, лесно се отстранува бојата. Таа е 3-8 см висока и 1–1,5 cm во пречник. Распуштени ливчиња се со бледо јаглика жолта боја и тие потемнуваат со возраста.Габата се идентификува до ниво на вид, и е „задолжителен“ тест за поретките облици на боја. Отпечатокот на спорите е по боја кремов. Месото е цврсто и има многу лут вкус, поради што печурката не може да се јаде.

Слични видови

Russula torulosa Брес. расте во истото живеалиште и се вели дека силно мириса на „сурово јаболко“. Нема реакција на амонијак. Russula queletii Елиас Магнус Фрис кој исто така живее со четинари Picea, а мириса и на јаболка.

Распространетост и живеалиште Russula sardonia се појавува на крајот на летото и есента, расте во микориза со бор во четинарни шуми, на песочни почви. Таа е вообичаена габа и се наоѓа низ Британија и Северна Европа. Не се јавува во Северна Америка.

Јадливост Оваа габа не се јаде и има вкус на „лута пиперка“. Многу Гулапка со сличен вкус се отровни кога се јадат сирови. Симптомите се главно гастроинтестинални по природа: дијареа, повраќање и колични стомачни грчеви. Активниот агенс не е идентификуван, но се смета дека се сесквитерпени, кои се изолирани од овој видAndina D. et al. (1980). Sesquiterpenes from Russula sardonia. Phytochemistry 19: 93–97 и сродниот род Lactarius.

Наводи

Категорија:Нејадливи габи Категорија:Гулапка Категорија:Габи на Европа