Првата кинеско-јапонска војна (1 август 1894 - 17 април 1895г.) била војна помеѓу Јапонското Царство и династијата Ќинг, главно за контрола на Кореја."...Japan was at the forefront of hegemonic wars in a quest to extend the Japanese hegemony over Korea to the entire Asia-Pacific region – the Sino–Japanese War of 1894–95 to gain dominance in Korea" The Two Koreas and the Great Powers, Cambridge University Press, 2006, page 2. По шестмесечните постојани успеси на јапонските копнени и поморски сили и губењето на пристаништето Веихајвеи, владата на Ќинг побарала мир во февруари 1895 година.
Во војната Јапонија се стекнала со значителни територијални придобивки, но по интервенцијата на Русија, Германија и Франција била принудена да се откаже од дел од нив. Успехот на Јапонците создало чувство на национализам во земјата и била главна причина за империјалистичката политика на Јапонија во 20 век.
Историска позадина и причини По реформите на царот Меиџи од 1868, јапонската армија и морнарица биле значително посилни и поефикасни. Затоа јапонските водачи почнале да водат поактивна надворешна политика. Така, тие своето внимание го свртеле кон Кореја, која како кревка и застарена држава била ранлива на инвазија. Дури и најумерените Јапонци ја сфатиле заканата за нивната нација ако Кореја биде контролирана од друга странска сила. Провоените партии се залагале за итна акција за да се спречи таквата можност. Покрај тоа, Јапонија барала можности за инвестирање во странство.Zhaojin Ji, стр. 68
Од друга страна, и Кина под династијата Ќинг направила напори за модернизација на својата армија, но по својата сила заостанувала зад онаа на Јапонија. Исто така, Кина била значително ослабена по Опиумските војни (1839 - 1842 и 1856 - 1860) со Британците.
Во 1885 година, јапонскиот политичар Ито Хиробуми и кинескиот функционер Ли Хонгжан ја потпишале Ли- Ито конвенцијата. Според неа, во случај на немири во Кореја, секоја земја имала право да испрати војници, под услов другата страна да биде информирана.Japan Anxious for a Fight; The Chinese Are Slow and Not in Good Shape to Go to War Исто така, по воспоставувањето на ред, двете земји морале да ги повлечат своите сили.
Причина Кина долго време ја сметала Кореја за своја вазална држава, а корејскиот крал со малку поголема моќ од кинески владин министер,Time-Life Светска историја, стр. 111 нешто што Јапонија не сакала да го прифати. Кон крајот на април во 1894 г., во Кореја избувнало селанско востание во Донхак поради тоа што во Кореја се продавале евтини индустриски производи од Јапонија кои го уништувале тамошното занаетчиство. Тоа бил најголемиот селански бунт во корејската историја. На 1 јуни, до бунтовниците стигнале гласини дека Кинезите и Јапонците биле спремни да испратат војници за да го задушат бунтот и затоа се согласиле за прекин на огнот, со што странските интервенции би биле беспредметни.
На 2 јуни, јапонскиот кабинет одлучил да испрати војници во Кореја ако Кина го стори истото. Во мај, Кинезите презеле чекори за мобилизација на нивните сили во провинциите Жили, Шандонг и Манџурија поради напнатата ситуација на Корејскиот полуостров. На 3 јуни, корејскиот крал Коџон побарал помош од кинеската влада во задушувањето на бунтот во Донхак. Била донесена одлука да се испратат 2.500 луѓе под команда на генералот Је Жичао во пристаништето Асан, на околу 70 км од Сеул. На 25 јуни пристигнале уште 400 војници. Па до крајот на јуни, Је Жичао под своја команда во Асан имал околу 2.800-2.900 војници. James Z. Gao, "Historical Dictionary of Modern China (1800–1949)", 120
Внимателно следејќи ги настаните на полуостровот, јапонската влада верувала дека бунтот ќе предизвика кинеска интервенција во Кореја. Затоа, веднаш штом дознала дека корејската влада побарала кинеска воена помош, на сите јапонски воени бродови кои биле во околината им било наредено да се упатат за Бусан и Чемулпо. Според Јапонците, кинеската влада ја прекршила Конвенцијата од Тиенцин со тоа што не ја информирала јапонската влада за нејзината одлука да испрати војници, но Кинезите тврделе дека Јапонија ја одобрила одлуката.James McClain, "Japan a Modern History", 297 Јапонците возвратиле со испраќање експедициски сили во Кореја. Првите 400 војници пристигнале во Сеул на 9 јуни, а на 12 јуни во Инчеон се истовариле 3.000 војници. Кон крајот на јуни кај Чемпуло биле испратени уште околу 8.000 војници под команда на генералот Ошима Јошимаса.
На почетокот на јуни 1894 година, 8.000 јапонски војници го окупирале Сеул и го заробиле корејскиот крал Коџон. На 25 јуни, постојната корејска влада била заменета со членови на пројапонската фракција. И покрај тоа што силите на Ќинг веќе ја напуштале Кореја зошто сметале дека се непотребни таму, новата пројапонска корејска влада ја овластила на Јапонија да ги протера силите на Ќинг, а Јапонија испратила дополнителни војници во Кореја. Династијата Ќинг ја отфрлила новата корејска влада како нелегитимна.
Воената сила на двете земји
Јапонија Јапонската империја за време на Меиџи вложила огромни средства за модернизација и реорганизација на својата армија. Војската на почетокот била организирана според францускиот модел, а по 1886, врз основа на прускиот модел. Според тогашниот напис во Њујорк Тајмс, јапонските копнени сили биле составени од околу 50.000 војници. Во истиот напис, се наведува дека резервистите се проценети на 50.000 војници, но подоцнежни извори наведуваат 200.000 резервни војници во 1890-тите.Time-Life Светска историја, стр. 108 Како и да е, Јапонците биле добро опремени и исклучително дисциплинирани. За инвазијата на Кореја, армијата била поделена на две дивизии, Прв и Втор корпус.
Јапонската флота, иако не била голема, имала и некои бродови од прва класа, а нејзините команданти биле обучувани во европските училишта. Јапонската морнарица беше создадена по примерот на Британската морнарица.
Кина десно|мини| Предводникот на кинеската флота, Дингјуан Кинеските вооружени сили кои биле употребени во војната биле познати како Пекиншка армија и Пекиншка флота и исто така биле модернизирани.
Во многу западни кругови преовладуваше мислењето дека модернизираната кинеска војска ќе ги уништи Јапонците. Кинеската армија била помногубројна од јапонската, додека и била добро опремена. Империјалната кинеска армија во 1894 била хетерогена мешавина од модернизирани, делумно модернизирани и речиси средновековни единици кои ниту еден командант не можел успешно да ги води. Кинеските офицери не знаеле како да се справат со своите трупи и постарите офицери со повисок ранг сè уште верувале дека можат да водат војна како што тоа го правеле за време на бунтот Тајпинг од 1850-1864 година. Исто така кинеските воени сили биле поделени на претежно независни регионални команди. Војниците биле регрутирани од различни провинции и имало нетрпеливост меѓу нив. Проблем бил и моралот на кинеските трупи, а главна причина била тоа што многу од војниците не биле платени долго време. Нискиот престиж на војниците во кинеското општество го попречувал и моралот, а употребата на опиум и други наркотици била распространета низ армијата. Нискиот морал и лошото раководство сериозно ја намалиле ефикасноста на кинеските трупи и придонеле за порази, како напуштањето на добро утврдениот Веихајвеи. Исто така, немало воена логистика, бидејќи изградбата на железници во Манџурија била закочена.
По опсежно истражување на кинеските историчари, тие откриле дека Циси не е причина за запуштањето на кинеската морнарица. Всушност, причина за поразот на Кина била незаинтересираноста на царот Гуангкси за развој и одржување на војската. Неговиот близок советник, големиот учител Венг Тонге, го советувал сосема да прекине да ја финансира морнарицата и армијата, бидејќи тој не ја гледал Јапонија како вистинска закана, а имало и неколку природни катастрофи во раните 1890-ти каде што царот сметал дека треба да се пренаменат средствата.
Војна десно|мини| Движењата на трупите и главните битки во војната
Битка кај Пунгдо На 25 јули 1894 година, пред официјалното објавување на војна, јапонски крстосувачи и топовници потонале кинески бродови во близина на заливот Асан во денешна Јужна Кореја. Меѓу нив, бил и Коушинг, кој припаѓал на британска компанија а бил изнајмен на кинеската влада за транспорт на војници во Кореја. Со бродот командувал британски офицер и имал екипаж од 64 луѓе. Во оваа битка, се удавиле од 1.100 од 1.200 кинески војници, како и поголемиот дел од екипажот. Ова создало тензии во односите меѓу Јапонија и Британија.
Конфликти во Кореја Генерал-мајорот Ошима Јошимаса со бригада од околу 4.000 војници тргнал на југ од Сеул за да соочи со кинеските сили кои биле сместени во Сеонгван, источно од Асан и Конџу. Кинеските војници под команда на генералот Је Жичао броеле околу 3.880 луѓе. Тие го очекувале пристигнувањето на Јапонците и се утврдиле и чекале засилување. Засилувањето не стигнало затоа што било уништено во поморската битка кај Пунгдо. Двете војски се судриле на 28 јули 1894 година и битката траела до следното утро. Кинезите не можеле да ги поразат супериорните јапонски сили и ги напуштиле одбранбените позиции. Тие се повлекле во Пјонгјанг оставајќи го оружјето, муницијата и сета нивна артилерија. Таму пристигнало засилување од Кина, и кинеската армија сега располагала со 13.000 до 15.000 војници.
Јапонската војска го нападнала Пјонгјанг на 15 септември. Бранителите на градот храбро се бореле, но се предале по нападот одзади. Искористувајќи ги силните врнежи во текот на ноќта, преостанатите кинески војници избегале од Пјонгјанг и се упатија кон североисток во крајбрежниот град Уиџу. Кај Кинезите имало 2.000 мртви, а 4.000 биле ранети, додека Јапонците изгубиле само 102 војници.
Поморска битка кај реката Гиалос десно|мини| Укијо-е ја прикажува поморската битка на реката Гиалос На 17 септември 1894 година, јапонската флота и Пекиншката флота се судриле кај делтата на реката Јалу. Поморската битка, која траела од утрото до самрак, завршила со победа на Јапонија. Осум од десетте кинески бродови биле уништени. Со оваа победа, Јапонија се стекнала со контролата над морињата и го срушила моралот на кинеските поморски сили. Битката кај реката Јалу била најголема поморска битка во оваа војна и била искористена како пропаганда во Јапонија.
Инвазија на Манџурија По поразот во Пјонгјанг, кинеските трупи ја напуштиле северна Кореја и зазеле одбранбени позиции во утврдувања долж својата страна од реката Јалу во близина на Џулијанченг. Откако на 10 октомври Јапонците добиле засилување тргнале на север кон Манџурија. Ноќта на 24 октомври, Првиот корпус, под команда на Јамагата Аритомо, се обидел да изгради понтонски мост, веднаш до кинеските утврдувања. Тие биле незабележани и следното попладне го нападнале источниот пункт на непријателот. Кинезите, таа ноќ ги напуштиле своите позиции и до утрото целосно се повлекле. По заземањето на Џилијанченг, Првиот армиски корпус го окупирал и соседниот град Дандонг. Во нападот загинале само 4 јапонски војници и 140 биле ранети. Κατηγορία:Λήμματα που χρειάζονται παραπομπές Потоа, Првиот корпус бил поделен на два дела, под команда на Нозу Мичицура и Кацура Таро. Првите се упатиле кон градот Мукден (денешен Шенјанг), додека вториот бил испратен да ги гони кинеските сили кои се упатиле кон Полуостровот Лаодонг. Во декември, Кацура Таро окупирал дел од североисточна Кина, приближно областа на денешната провинција Љаонинг.
Падот на Лишункоу Дел од Вториот корпус, под Ојама Ивао, на 24 октомври 1894 година се истоварил на јужниот брег од полуостровот Лаодонг. Тие се движеле брзо и на 6-7 ноември ги зазеле градовите Чинжу и Талиегуан. Потоа го опколиле стратешкото пристаниште Лишункоу (Порт Артур), кое со многу мал отпор го зазеле на 21 ноември. Илјадници Кинези биле убиени, а злосторството станало познато како масакрот во Порт Артур.
Падот на Веихајвеи и Јинко десно|мини| Укијо-е со сцена од опсадата на Веихаи