Света Катерина () — црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.
Опис Црквата се наоѓа во североисточниот дел на градот, во склоп на парохијата со седиште во парохиската црква „Св. Константин и Елена“. Изградена е во 1972 г. Претставува трикорабна базилика со ќерамиден покрив Долга е 17 м, широка 10 м и висока 5,5 м. На југозападниот крај има куловидна камбанарија. Има два влеза — од југ и запад. Иконописот во црквата е во византиски стил, дело на Јоанис Касолас.
Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија
Наводи
Катерина Катерина, Пазар Категорија:Појавено во 1972 година