Свети Илија — манастирска црква на Покрајчевскиот манастир.

Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена припрата, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја, а на ѕидовите од куполата се забележливи тули. Црквата во целост е покриена со кров од ќерамиди. Внатрешноста на храмот не е зографисана и во неа има празен дрвен иконостас на коишто се закачени помали икони. Најголема и највпечатлива е иконата на Свети Илија пред царските двери.

Галерија

Поврзано Покрајчево Покрајчевски манастир Црква „Св. Ѓорѓи“ Радовишко архијерејско намесништво Подарешка парохија

Надворешни врски

Категорија:Покрајчевски манастир Категорија:Покрајчево Покрајчево