Света Петка — манастирска црква на Подарешкиот манастир „Св. Петка“.
Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Во крајниот дел од јужната страна, непосредно до апсидата, има врамена вертикална фреска на којашто е прикажана Света Петка. Објектот е изграден од тули, а куполата во целост е обоена во бела боја. Храмот е покриен со кров од ќерамиди.
Галерија
Поврзано Подареш Подарешки манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ Подарешки манастир „Св. Петка“ Црква „Св. Ѓорѓи“ Црква „Св. Димитриј“ Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ Радовишко архијерејско намесништво Подарешка парохија
Надворешни врски
Категорија:Подарешки манастир „Св. Петка“ Категорија:Подареш Подареш