Рождество на Пресвета Богородица — манастирска црква на Подарешкиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа и е без апсида. Влезот се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена пространа чијашто површина соодветствува на внатрешноста на црквата. Од внатрешноста на јужниот ѕид од припратата, непосредно пред влезната врата, има две врамени вертикални фрески, од кои на едната е прикажана Богородица со Исус, а на другата Исус. На крајот од припратата се издига камбанаријата којашто е со квадратна основа и во висина на ѕвоното има по една отворена бифора на секоја страна. Црквата и камбанаријата во целост се обоени во бела боја и се покриени со кров од ќерамиди.

Галерија

Поврзано Подареш Подарешки манастир „Св. Петка“ Подарешки манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ Црква „Св. Ѓорѓи“ Црква „Св. Димитриј“ Црква „Св. Петка“ Радовишко архијерејско намесништво Подарешка парохија

Надворешни врски

Категорија:Подарешки манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ Категорија:Подареш Подареш