Истрага на местото на злосторството: Мајами () — популарна и наградувана американска телевизиска серија. Серијата за првпат се прикажа во 2002 година и досега има освоено една Еми награда за најдобра серија во 2003 година, а следната година повторно беше номинирана, но победата ја однесоа колегите од серијалот ЦСИ: Лас Вегас.

Во Македонија, серијата се емитува на А1 телевизија.

Синопсис Одделот за истрага во Мајами ја има истата функција како и нивните колеги од Лас Вегас, Њујорк. Нивната лабораторија е помала од оние во Лас Вегас и Њујорк, но ја има истата функција, разрешување на сите видови на криминални дејствија, а специјалност им се убиствата во градот познат кај Рајска метропола.

Шеф на одделот е поручник Хорацио Кејн (en.Lt.Horatio Caine), кој на тоа место доаѓа по заминувањето на Меган Донер. Крстен е по писателот Хорацио Алгер. Израснат во Мајами и одлично го познава уличниот живот и при истрагите секогаш се води по инстиктот. Негова специјалност се бомбашките напади, бидејќи и самиот бил дел од таква екипа, па одлично се разбира во монтирање и демонтирање на бомби. Хорацио го игра глумецот Дејвид Карузо.

Поврзано Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас Истрага на местото на злосторството: Њујорк

Надворешни врски CSI Official wiki Yahoo! TV А1 Телевизија

Категорија:Телевизиски серии со почеток во 2002 година Мајами Категорија:Мајами