Ровненската Област () — една од 24-те области на Украина. Се наоѓа во западниот дел на земјата. Наречена е по нејзиниот административен центар — градот Ровно. Претставува дел од историската област Волин. Граничи со Волинската, Лавовската, Житомирската, Хмелничката и Тернополската Област. На север, Ровненската Област граничи со Белорусија. Опфаќа површина од 20.047 км2. Во областа има 999 села и 11 градови.
Историја
Украинска Народна Република 1918—1921. Дел на Полска во составот на Волинското Војводство 1921—1939. Советскиот Сојуз го анектира војводството (1939). Од 1939 година, под името „Ровненска Област“, областа е дел на Украинската ССР. Во 1990, името на областа е променето во „Ривненска Област“, според украинското име на градот — Ривне Од 1991 година, областа е дел на независна Украина.
Наводи
Надворешни врски Службена страница
Категорија:Области во Украина
Категорија:Држави и територии настанати во 1939 година