Dolerus gessneri е вид на растителна оса од родот Dolerus.
Опис Главата, антените и градите се црни,нозете се црни, колената и основата на предните тибии се црвени. Крилата малку затемнети. Абдоменот е црн, со попречни цртички. По обојување и по други надворешни белези, мажјакот е сличен на женската форма.
Ларвите достигнуваат должина од 23 мм. Нивната глава од горе е светлопортокалова, на темето со кафеави рабови. Телото е зелено, а од долната страна малку посветло. Се среќаваат во текот на јуни на растенија од родот на Equisetum.
Возрасните единки достигнуваат должина од 9-12 мм.
Живеалиште Географската распространетост на овој вид оса е Средна и Северна Европа, на исток до Камчатка, и како подвид во Северна Америка. Во Македонија видот се среќава во село Сарај, Скопско.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 87-88
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија