Успение на Пресвета Богородица () — црква кај некогашното село Лагор, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Селото е возобновено од крајот од XVIII до почетокот на XIX век од влашки овчари дојдени од уништеното Москополе. Црквата е изградена во 1860 г. година врз урнатините на постар храм. Храмот е релативно мал и има три преносливи икони од XVII и XVIII век, веројатно донесени од Москополе. Зачувани се и оригиналниот обичен иконостас и неколку икони од 1853 г., неколку фрески 1875 г. Има и две-три мали икони, дело на народни зографи од средината на XIX век, меѓу кои и имитација на ватопедската икона „Света Богородица Утешителка“.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Надворешни врски
Богородица, Лагор Богородица, Лагор Категорија:Појавено во 1860 година