Свети Архангели () — средновековен манастир во Костурско, Егејска Македонија.Ιερά Μονή Ταξιαρχών Τσούκας Καστοριάς Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.

Манастирот се наоѓа во областа Нестрамкол, на врв на карпа кај напуштеното село Чука, на 1,5 км од с. Радигоже и на 21 км од градот Костур. мини|лево|200п|Друг поглед на црквата На крајот од XIII век манастирот е живописан со помош на царевите од династијата Палеолози.Παντελής Τσαμίσης, Η Καστοριά και τα μνημεία της σ.149, τύποις Αλευροπούλου, Εν Αθήναις 1949 Во 1684 г. селото Чука и овој манастир, заедно со селото Галишта и неговата црква „Св. Ѓорѓи“ му се дадени на манастирот „Пресв. Богородица Мавровска“ како негов имот.D. M. Nicol. Two Churches of Western Makedonia, в: Byzantinisch Zeitschrift, t.49. pp. 99-100, 1956 Манастирот е разурнат во 1943 г. од италијанската окупаторска војска. За време на Граѓанската војна (1946 – 1949) жителите на Чука се иселиле и селото останало запустено.

Од манастира денес се зачувани три градби — манастирската црква, црквата „Живоносен Извор“ и манастирската трпезарија.

Во 1962 г. манастирот е прогласен за споменик на културата.

Литература Αλεξίου, Γεώργιος. Ιερά Μονή Ταξιαρχών Τσούκας Καστοριάς, Καστοριά, 2007.

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Архангели, Чука Архангели, Чука Архангели, Чука Архангели, Чука Категорија:Споменици на културата во Нестрам (општина)