мини|Примероци од музејот во Тулуз Aristolochia clematitis, волчјо јаболко, е тревно растение од семејството копитници, Aristolochiaceae, кое потекнува од Европа.

Опис Растение високо до 100 см, голо. Базалниот дел е ползечки и без грутка, надземните делови се вертикални и неразгранети. Листовите се во форма на срце, а цветовите се бледо жолти и цевчести по форма.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 88, МАНУ, Скопје, 1985

Во Македонија Во Македонија расте по суви рудерални станишта, меѓи и рабови на шумите. Многу често растение, кое се среќава речиси по целата територија на Македонија, на надморска височина од 600 до 700 метри.

Токсичност Порано се користел како лековито растение, иако е отровно, а сега повремено се наоѓа надвор од родниот опсег како реликвија на одгледување. Сега се смета дека е причина за илјадници откажувања на бубрезите во Романија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Хрватска. Првичната хипотеза дека семето од растението е ненамерно консумирано преку контаминирано брашно е доведена во прашање.Batuman, Elif. "Poisoned Land." The New Yorker. August 12 & 19, 2013: 42-47. Print. Пријавени се и тумори на уринарниот тракт кај оние кои го консумирале растението. Врската помеѓу откажувањето на бубрезите и аристолохинската киселина, која ја содржи растението, е откриена откако една клиника за дебелина во Белгија користела хербални производи базирани на друго растение од истиот род како диуретик. По неколку месеци, некои од пациентите доживеале бубрежна инсуфициенција.

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година