Руј () — род на листопадни дрвенести растенија. Вклучува 2 современи вида, еден евроазиски и еден северноамерикански (Cotinus obovatus, syn. Rhus cotinoides). Името на родот потекнува од грчкиот збор, кој според Теофраст е име на дивата маслинка.Јовановић Б. 1973. Род . У: Јосифовић М () Флора СР Србије. САНУ: Београд..
Претходно, овој род на растенија бил класифициран во сроден род.
Опис Растенијата од овој род се животни форми на дрвја или грмушки до 7 (евроазискиот руј) односно 12 (американскиот). Кореновиот систем е одлично развиен, така што обезбедува заштита од ерозија, делувајќи како арматура. Кората ја менува бојата од зелена во сива и кафеава со лушпи аналогни на стареењето. Младите ластари содржат големи леќи. Пупките се во црвеникава боја, спирално распоредени. Листовите се цели, кружни, со рамен раб, долг 3–13 см, сместени се на дршките, спирално распоредени, а нерватурата е јасно видлива на задната страна од листовите. Бојата на лисјата во есен е црвена. Цветовите се ситни, со големина до 3, петчлени, со жолтеникава боја, соберени во метличести цветови со големина до 30. Рујот содржи пет чашести и пет крунести листенца. Во цветот има и стерилни цветови, со влакна на нивните цветни дршки (оттука и замаглениот изглед на цветот). Растенијата се еднодомни, понекогаш дводомни . Плодот е сув, со ситна јатка која содржи едно семе а на која се задржуваат листовите од чашката. Плодот созрева во периодот од мај до јуни.
Распространетост Ова растение на ендемско за подрачјето на Јужна Европа, како и во Средна и Западна Азија. Често е на отворени и потопли живеалишта. Најчесто може да се најде во листопадни шуми до 1.600 м.
Расејување и размножување Се расејува со ветер и инсекти. Размножувањето се врши со семиња или со вегетативни делови од растението.
Одгледување Видовите од овој род, особено е евроазискиот руј, честопати се користени како украсни грмушки. Одгледани се голем број сорти, од кои некои се од хибридно потекло (се создадени со вкрстување на два вида руј).
Употреба Листовите на евроазискиот руј содржат околу 30% танин и се користеле како антисептик и астрингент Johnson T. 1999. CRC Ethnobotany Desk Reference. CRC Press. 978-0-8493-1187-1. (str. 708). Плодот е отровен, консумирањето доведува до дијареа и повраќање. Од дрвото и листовите се добива боја за кожа, волна и свила . Дрвото се користи во столарство.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Фотографии и опис на евроазискиот руј Опис на одделни сорти и хибриди на рујот
Категорија:Руеви Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Флора на Македонија Категорија:Таксони опишани од Филип Милер