Сиеста (на француски, La méridienne или La sieste) — масло на платно од Винсент ван Гог насликано помеѓу декември 1889 и јануари 1890 година додека бил интерниран во ментален азил во францускиот град Сен Реми-де-Прованс. Тој е дел од постојаната збирка на Музејот Орсе, во Париз.
Ван Гог за своја тема ја избира сиестата, а се референцира директно на истоимената слика на францускиот сликар Жан Миле. И покрај мирната природа на темата, сликите зрачат со познатиот уметнички интензитет на Ван Гог. Исто така познат на француски како La méridienne, „Сиеста “ на Ван Гог се смета за едно од неговите ремек-дела.
Наводи
Категорија:Слики од Винсент ван Гог Категорија:Дела од 1890 година Категорија:Слики во музејот Орсе