Ивана Петковска (родена на 14 април 2002 во Скопје) — македонска поп-пејачка. Заедно со Магдалена Алексовска, Ивана ја претставувала Македонија на Детската Евровизија 2015 во Софија, Бугарија, со песната „Плетенка“ и се пласирала на седумнаесеттото место во конкуренција со 26 поени.
Таа била ученик во основното училиште „Димитар Македонски“. Ги направила првите чекори во музиката кога имала само 5 години, настапувајќи на детскиот фестивал „Поточиња“. По 3 години се приклучила на КУД Никола Јонков Вапцаров, македонски народен фолклорен ансамбл, учествувајќи на неколку настапи во земјата и странство. Покрај танцувањето, таа пеела македонски народни песни на голем број на концерти низ Македонија. Ивана исто така била член во училишниот хор.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Учесници на Детскиот избор за песна на Евровизија Категорија:Македонски пејачи