мини| Рембрант, Враќање на блудниот син, 1662 година. Парабола за блудниот син (позната и како парабола за изгубениот син) — една од најпознатите Исусови параболи. Приказната е за помладиот син кој го зема својот дел од имотот од својот татко и откако сè потрошил живеејќи развратно, се враќа дома покајувајќи се.
Приказната е запишана само во канонското Евангелие по Лука (15:11-32), каде што ѝ претходат две приказни со слична тема: парабола за загубената овца и парабола за загубената драхма.
Парабола Евангелието според Лука ја пренесува следнава Исусова приказна:
Толкувања Приказната за изгубениот син е последната од трите приказни за губење и искупување (пронајдена по парабола за изгубената овца и парабола за изгубената драхма), која Исус ја раскажува кога свештениците го обвинуваат дека се дружи со „грешниците“.Richard N. Longenecker, The Challenge of Jesus' Parables, Eerdmans. Со овие приказни, Исус доловува колку Бог му се радува на секој покаен грешник.
Барањето на помалиот син за неговото наследство, додека неговиот татко сѐ уште е жив, е дрско, речиси како да сака татко му да умре.Arland J. Hultgren, The Parables of Jesus: A Commentary. Меѓутоа, кога ќе го добие својот дел, тој нижи неуспех по неуспех и завршува со понижувачка работа во свињарник, завидувајќи им на свињите на нивната храна. По враќањето дома, татко му го поздравува со великодушност многу поголема од онаа што имал право да очекува. Спротивно на тоа, постариот син размислува за поимите „закон, заслуга и награда“, наместо „љубов и милост“, што може да ги претставува фарисејските свештеници кои го критикуваат Исус. Татковата радост поради враќањето на изгубениот син алегорично ја претставува Божјата љубов и Божјата неограничена милост.Scott Hahn, Curtis Mitch, and Dennis Walters, Gospel of Luke: The Ignatius Study Guide, 2nd ed.
Како и во многу други Исусови параболи, личноста за која најмалку се очекувало задобива милост. Приказната завршува малку неизвесно, без да се открие дали навредениот постар син на крајот им се придружил во радоста.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Исусови параболи Категорија:Евангелие според Лука