мини| Добриот пастир, ранохристијанска уметност, 300 година. Парабола за загубената овца — една од најпознатите Исусови параболи. Параболата зборува за овчар кој изгубил една овца, а тој ги остава сите други за да ја најде. Оваа парабола влијаела на идејата за Исус како добар пастир.Walter Lowrie, Art in the Early Church.
Параболата е запишана во канонските евангелија според Матеј (18:12–14) и Лука (15:3–7), како и во неканонското евангелие според Тома (стих 107). Евангелието според Лука содржи уште две слични параболи за губење и искупување, Параболата за загубената драхма и Параболата за загубениот син, која Исус ја раскажува откако свештениците го обвиниле дека се дружи со „грешниците“.Richard N. Longenecker, The Challenge of Jesus' Parables, Eerdmans.
Парабола
Според Матеј Евангелието според Матеј ја раскажува следнава Исусова парабола:
Според Лука Евангелието според Лука ги цитира следниве зборови на Исус:
Според Тома Евангелието според Тома ја запишува следната верзија на параболата:
Толкувања Оваа парабола дели заедничка тема со две други слични параболи за загуба и пронаоѓање: Параболата за загубената драхма и Параболата за загубениот син. Загубена овца или паричка претставува загубено човечко суштество. Во оваа аналогија, Исус е пастир, кој се поистоветува со ликот на Бог како пастир што ги бара загубените овци во Езекил 34: 11–16.
Џоел Грин смета дека овие споредби се првенствено за Бога и нивната цел е да ја покажат „природата на божествениот одговор на враќањето на загубениот“.Joel B. Green, The Gospel of Luke, Eerdmans. Радоста на пастирите ја претставува радоста Божја, што е спротивно на укорот на верските водачи на кои им е упатена оваа проповед.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Исусови параболи