Пресвета Богородица Достојно ест () — црква во гратчето Бојмица, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.

Во 1995 г. митрополитот Димитриј Гуменџиски издејствувал плац за црква на плоштадот „Павлос Мелас“ по пат на размена со армијата. Камен-темелникот е удрен на 5 октомври 1997 г. Градбата е дело на архитект Алкис Раптис. Внатрешноста е една целина, без столбови, при што отповарувањето е префрлено на страничните ѕидови. Црквата е завршена во 2000 г. и е целосно живописана.

Поврзано Гуменџиско-бојмичко-ругуновска епархија

Наводи

Надворешни врски

Богородица, Бојмица Богородица, Бојмица Категорија:Појавено во 2000 година