Петгаски манастир „Св. Никодим Светогорец“ () — машки манастир кај селото Петгас, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Претставува метох на светогорскиот манастир Симонопетра на Цариградската патријаршија.

Манастирот се наоѓа на надморска висина од 700 м во југоисточното подножје на планината Пајак, на неколку километри северозападно од Петгас. На североисток од него е манастирот „Св. Рафаил, Никола и Ирина“. Основан е во 1981 г. како меѕох Симонопетра. Главниот храм е двоен, каде горниот кат е посветен на Свети Никодим Светогорец, а долниот на мачениците Рафаил, Никола и Ирина. Во него од Света Гора е донесен черепот на преподобниот Никодим Светогорец, покровител на манастирот и истакнат црковен писател од XVIII – XIX век. Храмот се истакнуав со своите фрески, а манастирот е познат по рачната изработка на икони.

Поврзано Симонопетра Гуменџиско-бојмичко-ругуновска епархија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Манастири во Пајонија (општина) Категорија:Манастири во Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија Категорија:Цркви во Пајонија (општина) Категорија:Цркви во Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија Категорија:Појавено во 1981 година