„Калашников“ — филм на режисерот Константин Бустов 2020 година. Главните улоги ги играат: Јуриј Борисов, Олга Лерман, Сергеј Бодров.РТС, Калашњиков (пристапено на 9.5.2022)
Синопсис Филм е посветен на пронаѓачот и конструкторот на оружје, Михаил Калашников. Во текот на Втората светска војна, Михаил сфаќа дека на советската војска ѝ е потребно подобро оружје. Одвоен од девојката која ја сака, во тешките воени услови, тој се снаоѓа на сите можни начини во работата на својот нов проект и полека ја стекнува довербата на своите претпоставени, кои му поставуваат многу строги услови за неговата пушка да влезе во употреба.
Категорија:Руски филмови Категорија:Филмови од 2020 година Категорија:Филмови на руски јазик Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови на Константин Бустов Категорија:Филмови со Сергеј Бодров Категорија:Филмови со Олга Лерман Категорија:Филмови со Јуриј Борисов