Свети Атанасиј () — црква во селото Тумба, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е изградена во 1802 г. или во 1805 - 1806 г.

Храмот претставува трикорабна базилика со димензии 15,5 × 10 м и трем од западната и јужната страна. Галеријата и припратата кои се наоѓале на запад денес не се зачувани. Карактеристична е полукржната апсида која ја опфаќа целата висина на храмот, сè до покривот.

Внатрешноста на црквата е зачувана во првобитна состојба. Живописана е во 1864 г. од истакнатиот тресонечки мајстор Дичо Зограф. Владичкиот престол, амвонот, нишата на жртвеникот се насликани со цвеќиња и вазни. На иконостасот се претставени сцени од Старииот завет со Адам и Ева. Иконите се изработени во 1805 - 1806 г. Нишите на жртвеникот, како и фронтоните над аркадите во наосот се насликани со сцени од житието на Исус Христос. Во храмот има икони од зографот Христо Сакелариев од Петрово, Ениџевардарско.

Во црквата има реликвии и икони донесени во 1920-тите од грчките доселеници од Источна Тракија.

Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Гуменџиско-бојмичко-ругуновска епархија

Наводи

Атанасиј, Тумба Атанасиј, Тумба Категорија:Споменици на културата во Пајонија (општина) Атанасиј, Тумба Категорија:Појавено во 1802 година