Свети Бессребреници Кузман и Дамјан или Свети Врач () — црква во некогашното село Древено, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во XIX век и е единствената преживеана градба од поранешното Древено, напуштено во 1950-тите. Претставува трикорабна базилика типична за македонските цркви од тоа време. Тремот, нартексот и галеријата веќе не постојат. Дрвените столбови кои ги двојат корабите на црквата се заменети со понови. Камениот плочник е пропаднат. Нишите на ѓаконикот и жртвеникот се внесени во источниот ѕид. Апсидата е полукружна и одвнатре и однадвор. Храмот има два влеза — еден од југ и еден од запад, со оформена ниша над горниот праг, каде биле насликани покровителите Кузман и Дамјан. Ѕидаријата е изработена од речни камења, а аголните камења се блокови изделкани од варовник. Од дрвените елементи на црквата преживеал само иконостасот, кој е во лоша состојба. Сета структура е во силни бои, а на дното има насликани вазни и цвеќиња. Во апсидата има траги од живопис. Црквата е отворена само за покровителската слава.
Во 1984 г. храмот прогласен за споменик на културата.
Поврзано Гуменџиско-бојмичко-ругуновска епархија
Наводи
Кузман и Дамјан, Древено Кузман и Дамјан, Древено