Успение на Пресвета Богородица или Света Богородица (, ) — црква во селото Купа, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е гробишен и парохиски храм, сметен на северниот крај на селото.
Историја Храмот е изграден во првата половина на XIX век. Во 1920-тите настрадала во пожар.
Во 1991 г. црквата е прогласена а споменик културата.
Архитектура Црквата е трикорабна базилика со дрвен покрив и галерија. Има едномансарден покрив со засеци на малите страни. Првично покривот имал камени плочи. На запад и на југ има трем. На запад е заграден, а на југ е овновен неговиот првобитен изглед. Влезот е од југ, а западната врата, поради висинската разлика, води право во галеријата во западниот дел на црквата. Над парапетот е поставена дрвена одрина. До галеријата се стасува по скалиште во северозападниот агол. Од оригиналните внатрешни украси опостоиле амвонот и еден проскинитар. Првобитниот дрвен иконостас е заменет со понов. Забележителни се и дрвените тавани, особено оној во средишниот кораб, кој има дрвени панели. Иконите на иконостасот се дело на попот Христо Сакелариев од Петрово. Има и икони и од неговиот соселанец Димитар Вангелов.
Поврзано Гуменџиско-бојмичко-ругуновска епархија
Наводи
Богородица, Купа Богородица, Купа Категорија:Споменици на културата во Пајонија (општина)