Свети Архангели () — црква во селото Геракарци, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е изградена во првата половина на XIX век. Претставува трикорабна базилика со внатрешни димензии од 8,75 × 18,30 м. На запад и југ има реставриран трем со колонада. Првобитно на запад имало припрата со галерија, но тие не се зачувани. Храмот има единечен мансарден покрив со засеци. Надолжната оска е истакната со ритмиката на колонадите, кои ја делат црквата на три кораба. Секоја колонада има по седум столбови, а последниот пар е зад иконостасот и е неоформен. Нишите на жртвеникот и ѓаконикот не излегуваат од исток, а олтарната апсида е полукружна одвнатре и однадвор. Над јужниот влез, оформен со камен околувратник, има фреска на светците покровители.

Од внатрешноста на црквата за зачуани оригиналниот амвон, балдахин на олтарот, два проскинитара и иконостасот. Фризот над столбовите е насликан со цвеќиња и вазни во силни бои. Со такви бои и геометриски форми се насликани и таваните на црквата. Во наосот и куполата е претставен Христос Седржител. Во храмот има икони од зографите Маргарит Ламбу и Димитриос Хаѕистаматис од погрченото солунско село Кулакија, како и од Христо Сакелариев од ениџевардарското село Петрово.

Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Гуменџиско-бојмичко-ругуновска епархија

Наводи

Архангели, Геракарци Архангели, Геракарци Категорија:Споменици на културата во Пајонија (општина) Архангели, Геракарци