Свети Ѓорѓи () — црква во селото Балџа, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.

Храмот се наоѓа во југоисточниот дел на селото. Годината на изградба не е со сигурност позната. Преданието вели дека црквата е подигната во 1250 г. Мермерна плоча над јужниот ѕид однадвор вели дека е изградена во 1744 г., а истата година ја има и внатре на северниот ѕид на наосот, но се смета дека ова е годината на обнова, а не на изградба на црквата. Претставува голема камена трикорабна базилика. Внатрешноста е живописана и има резбан, позлатен и насликан иконостас со икони од почетокот на XIX век.

Црквата е прогласена за историски споменик во 1983 г.

Поврзано Лагадинско-ајватовско-рендинска епархија

Наводи

Ѓорѓи, Балџа Ѓорѓи, Балџа Категорија:Споменици на културата во Даутбал (општина)