Мостарска Бијела или едноставно Бијела (во превод: Бела) ― планински поток и клисура во Босна и Херцеговина. И покрај слабиот проток и релативно краткиот тек, оваа река зазема значајно место во геологијата и хидрологијата на динарскиот карст во Босна и Херцеговина.

Географија лево|мини|200x200пкс|Сливот на Бијела со вештачкиот резервоар Неретва - Салаковац го покрива устието и околу 1 километар од реката. Мостарска Бијела е лева притока на реката Неретва. Започнува од југозападните падини на планината Прењ, каде што се нарекува Горња Бијела и тече во правец од север кон југ-југозапад и се влева во Неретва кај селото Бијела во регионот на Дрежница Доња и Салаковац.

Ретка геологија Реката Мостарска Бијела правина ретка и единствена карстна геолошка особеност, која наликува на понорница со полуподземен тек налик на кањон. Она што е уникатно овде, во случајот на Мостарска Бијела, е тоа што пештерскиот покрив на нејзиниот подземен дел е отворен на површина во облик на многу тесен јаз на многу места, доволно само за мала количина на светлина да навлезе во кавернозното речно течение. Иако многу тежок подземниот тек е сè уште прооден, а со тоа и привлечен за туристите, планинарите, особено за искачувачи по кањони и спелеолози.

Еколошка контроверзност на автопатот А1 коридор Вц лево|мини|207x207пкс|Траса на автопатот А1 Ц5 низ Босна и Херцеговина. Според првата варијанта на предложената траса на нов автопат низ Прењ, долините на Коњичка Бијела и Мостарска Бијела требале да бидат силно погодени, каде што немало да остане многу од нејзината природна средина. Убавите карстни појави на длабоки кањони, подземни водопади и пештери во долината на Мостарска Бијела ќе бидат уништени или барем покриени со асфалт, бетон или камен од тунелите.

Поврзано Список на реки во Босна и Херцеговина Неретва Прењ Динариди Понорница

Наводи

Надворешни врски

Мостарска Бијела на SummitPost.org

Категорија:Реки во Босна и Херцеговина Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Кањони и клисури во Босна и Херцеговина Категорија:Понорници во Босна и Херцеговина Категорија:Подземни водопади Категорија:Карстни формации во Босна и Херцеговина Категорија:Притоки на Неретва