Свети Димитриј и Свети Бессребреници () — црква во селото Додулари, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.

Проектот за изградба на нов храм до старата македонска црква „Св Димитриј“ во Додулари е изработен во 1969 г. Во 1971 г. епископот Стефан Талантски го ставил камен-темелникот на новата црква, по наредба на митрополитот Пантелејмон Солунски. Во 1974 г. парохијата е приклучена кон новосоздадената Неаполско-ставруполска епархија. На 31 мај 1981 г. црквата е конечно осветена од митрополитот Дионисиј Неаполско-ставруполски. Наречена е по Свети Димитрија Солунски и на Светите Бессребреници Кузман и Дамјан, на кои е посветен параклис во внатрешноста.

Храмот претставува трикорабна базилика.

Поврзано Неаполско-ставруполска епархија

Наводи

Димитриј Бессребреници, Додулари Димитриј Бессребреници, Додулари Категорија:Појавено во 1981 година