Свети Никола () — црква во Ново Село, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.

Во Ново Село е изградена црква „Св. Никола“ или „Св. Петка“ меѓу 1890 и 1915 г. Во 1957 г. црквата силно настрадала во пожар и подоцна е осново изградена. Новата црква е крстовидна и направена од камен, каква што е и камбанаријата. Осветена е на 30 август 1959 г. од епископот Стефан Талантски. Во следните години е живописана. Реликвиите од стариот храм се пренесени во новиот. Во 1995 г. е доградена припрата.

Поврзано Неаполско-ставруполска епархија

Наводи

Никола, Ново Село Никола, Ново Село Категорија:Појавено во 1959 година