Свети Мина () — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Претставува еден од парохиските храмови во Негуш.
Црквата се наоѓа во градскиот центар на местото на стар храм. Овој храм бил уништен на 18 август 1947 г. за време на Граѓанската војна. Изградбата на новата црква траела од 1952 до 1972 г. Дело е на архитектите Д. Калицанцис, К. Ставринос и К. Хамилоторис. Чинела 15 милиона драхми, обезбедени од прилози на верниците. Црквата е отворена во 1981 г. со прв свештеник Јорданис Хаѕистилис.
Храмот зафаќа површина од околу 500 м2 и претставува крстокуполен храм во византиски стил. Живописувањето е почнато во 1989 г. од зографите Ан. Ламлброс, Ст. Господинис и К. Деспудис. Фреските исто така се во византиски стил. Иконостасот дрвен, изрезбан во 1976 г. Иконите се современи, иако се изведени во преродбенички стил.
Во сутеренот на храмот има културен центар.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Сите Светители Сите Светители, Негуш Категорија:Појавено во 1972 година