Свети Атанасиј () — црква во селото Тополјани, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата е парохиски храм на селото.

Црквата се наоѓа на сретселото. Изградена е во XIX век, за што сведочат натписите на иконите во неа. Градбата претставува куполна базилика, која низ времето претрпела многу измени. Во парохијата на храмот влегуваат црквите „Живоносен Извор“, „Св. Ѓорѓи“, „Вознесение Христово“, „Св. Василиј Велики“ и „Св. Илија“.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Атанасиј, Тополјани Атанасиј, Тополјани