мини|Прв трејлер за Долгоногиот тато (1955) „Долгоногиот тато“ (англиски: Daddy Long Legs) — американски филм од 1955 година, во режија на Жан Негулеско (Jean Negulesco) по сценариото на Фиби и Хенри Ефрон. Главните улоги ги толкуваат: Фред Астер (Fred Astaire), Лесли Керон (Leslie Caron), Тери Мур (Terry Moore), Фред Кларк (Fred Clark) и Телма Рите (Thelma Ritte). Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во шест категории, меѓу кои и оние за најдобра сценографија, најдобра оригинална музика (Алфред Њумен) и најдобра оригинална песна (Џони Мерсер).HRT, Tatine duge noge, američki film (1955.) - Zlatno doba Hollywooda (пристапено на 15.5.2022)
Синопсис Богатиот Американец Џарвис Пендлтон III (го игра Астер) ја запознава веселата 18-годишна Жули Андре (ја игра Керон), штитеничка на еден француски дом за сираци. Тој решава анонимно да ѝ го плати школувањето на еден универзитет во Нова Англија. Иако таа постојнао му испраќа писма на својот таинствен добротвор, тој никогаш не ѝ одговара на писмата. Неколку години подоцна, тој ја посетува Жули на факултетот, меѓутоа сè уште не сака да го открие својот идентитет. Наспроти големата разлика во годините, меѓу нив се раѓа љубов.
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1955 година Категорија:Филмови на Жан Негулеско Категорија:Филмови со Фред Астер Категорија:Филмови со Лесли Керон Категорија:Филмови со Тери Мур Категорија:Филмови со Фред Кларк Категорија:Филмови со Телма Рите Категорија:Филмски комедии Категорија:Музички филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Франција Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Масачусетс