Свети Атанасиј () — црква во селото Криводол, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е изградена во 1835 г. според малата плоча на јужниот ѕид до југоисточниот агол. Претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, женска црква и трем на западната и дел од јужната страна. Женската црква има облик на буквата П и има свој влез од север. Во 1869 г. е изградена самостојна камбанарија. Во црковниот двор е старото училиште, изградено во 1866 г. според кажувања на жителите.

Според Георги Стрезов во 1891 г. црквата била потчинета на Патријаршијата.

Поврзано Зихненско-неврокопска епархија

Наводи

Атанасиј, Криводол Атанасиј, Криводол Категорија:Појавено во 1835 година