Свети Димитриј () — црква во селото Димитрич, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм на селото.

Историја Храмот е изграден во XIX век. Живописан е од мијачките зографи Христо, Исаија, Кузман и Серафим Фрчковски.

На 23 септември 1956 г. до црквата е поставен камен-темелник на нов храм, отворен на 14 ноември 1976 г. Старата црква е срушена во 1970-тите, и од неа зачуван е само еден дел.

Во парохијата влегуваат и параклисите „Живоносен Извор“ и „Св. Ѓорѓи“.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Димитриј, Димитрич Димитриј, Димитрич Категорија:Појавено во 1976 година Димитриј, Димитрич