„Битката на Косово“ (српскохрватски: Бој на Косову) — југословенски филм од 1951 година, режиран од Здравко Шотра. Главните улоги ги играат: Милош Жутиќ, Горица Поповиќ, Војислав Брајовиќ, Жарко Лаушевиќ, Љуба Тадиќ, Бранислав Лечиќ итн.РТС, Бој на Косову (пристапено на 28.6.2022)

Синопсис Во 1389 година, српскиот кнез Лазар Хребељановиќ одбива да му се покори на турскиот султан Мурат, кој со голема војска напредува кон Србија на својот поход кон Европа. Иако е свесен дека нема доволно војска, кнезот Лазар сепак одлучува да им се спротивстави на Османлиите. По тоа прашање, српските големци не се единствени, односно повеќето ја прифаќаат борбата дури по цена на пораз, но некои се колебаат. Најпосле, српските големци собираат војска и заминуваат на Косово. Крвавата битка завршува без победник, а во неа гинат и двајцата владетели - кнезот Лазар и султанот Мурат.

Наводи

Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на Здравко Шотра Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови од 1989 година Категорија:Филмови со Милош Жутиќ Категорија:Филмови со Бранислав Лечиќ Категорија:Филмови со Љуба Тадиќ Категорија:Филмови со Жарко Лаушевиќ Категорија:Филмови со Воја Брајовиќ Категорија:Филмови со Горица Поповиќ Категорија:Историски филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Србија Категорија:Филмови чие дејствие се одвива на Косово