Рождество на Пресвата Богородица () — црква во селото Махмутли, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.

Црквата е изградена на местото на помал храм. Изградбата траела од 1939 до 1957 г. Претставува крсткуполна базилика, живописана со средства на жителите. Осветена е во 1962 г. Во 1994 г. во црковниот дво е подигната помошна канцелариска градба.

Во парохијата влегуваат и параклисите „Св. Пантелејмон“ и „Свети Евангелист Матеј“.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Богородица, Махмутли Богородица, Махмутли Категорија:Појавено во 1957 година